Во моментов(понеделник, 4-ти Октомври,2021) корисниците ширум светот не можea да пристапат до популарните социјални мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап.
Според некои IT експерти проблемот настанал со DNS сервисот. Oвој сервис ја претвора фејсбук страната напишана со букви во IP адреса, односно во бројки и на тој начин сe овозможува пристап до услугите на веб сајтовите.
Како тоа функционира во пракса?
Сакате да го посетите www.facebook.com. Се разбира Facebook складира податoци на уред кој е поврзан на интернет односно сервер кој има своја IP адреса (пример 69.63.184.142), но ние кога сакаме да пристапиме на фејсбук не ја пишуваме IP адресата на серверот туку адресата www.facebook.com. Сепак полесно ние е да ја запомниме адресата на фејсбук како именка отколку да помниме броеви поедеинечно за секоја веб страна.
Како уредот ја преведува ова страна во IP адреса?
Тука на потег стапува DNS сервисот кој служи како преведувач на одредено име на домеин во IP aадреса.
Но, според Петар Танта комуникациски експерт и директор на CTA чудно е што сите сервиси на Фејсбук се урнаа истовремено во сите делови на светот, што е веројатно и прв таков регистриран случај досега. Со оглед на тоа што за поединечни сервиси фејсбук користи повеќе одделни сервери распоредени во повеќе различни региони, можеме да заклучиме дека ова не е грешка на серверот. Знаејќи го ова, во моментов е прерано е да се каже за што станува збор. Ако се знае дека фејсбук има силни и добро развиени протоколи за справување со потенцијалните проблеми како што се дефекти напади и слично, многу е чудно што сè падна одеднаш, а не постепено или пак во одредени региони – вели Танта.
Од друга страна некои експерти тврдат дека ова не е хакерски напад, туку најверојатно се работи за грешка на вработените во компанијата. Неколку портали кои се занимаваат со IT прашања известуваат дека на Dark Web во тек е продавање на лични податоци како што се (име, електронска пошта, локација, пол и телефонски број). Наводно ова се најновите податоци од 2021 година.
Новинарката на Њујорк Тајмс, Шира Френкел, известува дека разговарала со некој што работи во Фејсбук, кој открил дека вработените не можат да влезат во зградата и да проценат што е причината бидејќи нивните картички за пристап во зградите се блокирани.
Was just on phone with someone who works for FB who described employees unable to enter buildings this morning to begin to evaluate extent of outage because their badges weren’t working to access doors.
— Sheera Frenkel (@sheeraf) October 4, 2021
UPDATE: Facebook , Insta, WhatsApp Outage
• 4 hours, ongoing
• NYT: unlikely a hack; FB employees unable to enter building in a.m
• Servers likely behind problem: CTO
• Facebook stocks 📉
• Zuckerberg lost $7 billion: Bloomberg
• Global loss > $160 million/hr: @netblocks— Joyce Karam (@Joyce_Karam) October 4, 2021
Сепак ова се случува само еден ден подоцна откако поранешната вработена во Фејсбук, Францес Хауген, на американската ТВ емисија „60 минути“ откри дека таа е „свиркачот“ кој во изминатиов период испраќаше доверливи информации до медиумите дека компанијата давала приоритет на профитот пред безбедноста на мрежата. Сега и со име и презиме Хауген го обвини Фејсбук дека ги засилувал своите алгоритми за откривање и блокирање на лажни вести само под притисок на јавноста, за веднаш штом ќе помине притисокот да се врати „стариот“ слободен систем на ширење секакви информации во име на раст на мрежата.
Што точно се случи останува да видиме доколку Фејсбук одлучи да го објави тоа јавно…
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.