За нас

За нас,

водени од желбата за подобро и поефикасно социјално, економско и информативно поврзување како помеѓу Македонците во Германија така и поврзување на Македонците од Германија со татковината но и останатата дијаспора на, 11-ти Септември 2014 година беше промовирана Facebook групата Makedonier in Deutschland (Македонци во Германија).
ЛИНК: https://www.facebook.com/groups/makedonier.
Врз база на јасно дефинирани цели, за кратко време успеавме да привлечеме внимание и да стекнеме доверба кај пошироката јавност, а со тоа и да го забрзаме квантитативниот напредок на групата притоа никогаш не отстапувајќи од принципите „квалитет, правичност и држење до правилата„.

Денес се гордееме со нашите 36 илјади члена (состојба на 16.01 2021). Континуираниот раст и покрај тоа што сме група од затворен карактер (само членовите можат да ги гледаат постовите и споделените содржини) ни дава за право да се надеваме дека пред нашиот 7-ми роденден ќе имаме чест да го поздравиме нашиот 40-илјадити член.

Но она на што многу повеќе се гордееме е меѓусебната доверба и почит која успеавме да ја изградиме помеѓу членовите. На тој начин заедно успеавме да решиме многу проблеми, успешно да поддржиме или организираме многу активности, да се зближиме меѓу себе, да си подадеме рака еден на друг, да се информираме.
Една од активности која на оваа место би сакале да ја издвоиме секако е петицијата за признавање на македонските возачки дозволи во Германија. Петиција која произлезе од потребите на членовите на нашата група и со собрани околу 42 илјади потписи беше предадена на надлежните институции како во Германија така и во Македонија. Нашата упорност и постојан притисок на крај вроди со плод. Така по повеќе од 10 години талкање по институционални фиоки ова прашање беше подигнато на највисоко можно ниво за на крај во септември 2018 година сите категории на нашите возачки дозволи во Германија да бидат официјално признаени.
Успесите будат убави чувства и сеќавања но се исто така и мотив за понатамошно развивање и надградување.
Во тој правец е и создавањето на овој портал кој освен тоа што ќе биде сублимат на темите, прашањата и информациите кои се најактуелни во групата ќе се обиде да ви понуди уште многу содржини од информативен и забавен карактер.
Се надеваме дека заедно со вас ќе ја продолжиме успешната приказна МАКЕДОНЦИ во ГЕРМАНИЈА.
Со почит,
Александар, Бобан и Александар

Група: https://www.facebook.com/groups/makedonier/
Фан страна:
You Tube:
Инстаграм:

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот