Во организација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, во недела, на 18 мај 2025 година, во Солинген, Германија, ќе се одржи отворена средба со министерот Тимчо Муцунски.
Настанот ќе започне во 14:00 часот и ќе се одржи во Bürgersaal Stadtkirche Solingen (Kirchplatz 14, 42651 Solingen), каде што македонските граѓани од регионот ќе имаат можност за директен дијалог со министерот.
Според организаторите, оваа средба претставува одлична прилика за дискусија на актуелни теми и прашања што ги засегаат Македонците во дијаспората, вклучително и прашања од областа на надворешната политика, трговија, конзуларни услуги и поддршка на иселениците.
Поканата е упатена до сите македонски граѓани што живеат и работат во Германија, а домаќини на настанот се Македонскиот културен клуб „11 Октомври“ – Солинген.
„Ги повикуваме сите заинтересирани да бидат дел од оваа важна средба и да го искористат моментот за отворен разговор со министерот“, велат од клубот.
За повеќе вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија