Почнувајќи од недела 16 јануари во 0:00 часот Македонија повторно ќе биде вратена на листата на региони со висок степен на ризик од инфекција со Ковид 19 вирусот.
Извор: Robert Koch Institut (RKI) – ЛИНК
Ова значи дека за сите патниците од Македонија во Германија повторно важи обврската за дигитално пријавување (Einreiseanmeldung-ЛИНК) за влез во Германија.
Исто така повторно стапува на сила и задолжителниот карантин и тоа:
- Вакцинираните и тие што ја прележале болеста се ослободени од карантин
- Невакцинираните имаат обврска од 10 дена карантин, со можност преку негативен тест да се скрати на 5 дена.
- Децата под 12 година имаат обврска 5 дена да бидат во карантин
За влез во Германија тест треба да приложат само невакцинираните возрасни лица над 12 години.
Остантите правила за влез остануваат онака како што веќе пишувавме и тоа:
За лица со постојан престој во Германија важат следните правила за влез во Германија: ЛИНК
За туристичка посета важи следното : ЛИНК
За влез и излез од Македонија важи следното : ЛИНК
Вакцини кои се признаени во Германија : ЛИНК
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК