За тие што немаат постојан престој во Германија важат следните правила за посета на блиски или туристичка посета:
Целосно вакцинираните со една од 4-те признаени вакцини можат слободно да ја посетат Германија без притоа да имаат некоја посебна причина ЛИНК. Важно е да се напомене дека од последната примена вакцина треба да има поминато најмалку 14 дена. Кои вакцини се признаени во Германија прочитајте ОВДЕ
НАПОМЕНА!!! Сертификатите за вакцина во Германија моментално имаат важност од една година ИЗВОР
Невакцинираните односно тие што се вакцинирани со вакцина која не е признаена во Германија (на пример Синофарм, Синовак или Спутник) можат да допатуваат во Германија само ако имаат неопходна причина за тоа ЛИНК
Како НЕОПХОДНА причина меѓудругото може да се смета и посета поради фамилијарни причини. Во тој случај важи следното ЛИНК
- посета на член од најтесна фамилија (сопружник, малолетни деца или родители на малолетни деца) со постојан престој во Германија е дозволена. Како доказ во зависност од семејната врска треба да се приложи извод од матичната книга на родените, извод од матична книга на венчаните или некоја друга потврда дека сте член на најтесната фамилија.
- Посета на фамилија од прв и втор степен (баба, дедо, внуци, сестра, брат) е можна само во исклучителни ситуации со добро образложена причина. На пример :
-Новороденче
-Свадба
-Смртен случај / погреб
-Посебни случаи како на пример тешка болест на најблиски и тн.
Причината за допатување треба да биде доставена во писмена форма преку E-Mail или до локалната полиција на пример полицијата на аеродромот каде што ќе допатувате или на општиот E- mail на Сојузната полиција ЛИНК
Притоа е важно да се внимава на следното:
Покана (Einladung) односно барање за дозвола за влез (Antrag auf Einreisegenehmigung). Се работи за своерачно напишан текст во кој треба да стојат следните информации:
На почетокот претставете се кој сте и каде работите.
Потоа наведете ја врската со тој што го поканувате (сопружник, родител, деца, внук, сестра, брат, дедо, баба и тн.) и причините поради кои го поканувате.
Податоци за лицето што ќе ве посети (име, презиме, дата на раѓање, државјанство и број на пасош).
Кога пристигнувате во Германија, како и каде. Ако е на пример авион број на летот, аеродромот и времето на пристигање
На која адреса ќе престојува лицето (односно вашата адреса), кога и како ќе ја напушти лицето Германија. Пример: ЛИЦЕТО wird sich bei mir (siehe obengenannte Adresse) aufhalten. Sie/er wird dann am ДАТА wieder nach Mazedonien zurückreisen.
На крај потврдете дека се обврзувате дека сите предвидени Corona мерки ќе бидат од ваша страна испочитувани.
Пример: „Ich möchte hiermit ausdrücklich Bestätigen, dass unserseits alle aktuelle Corona-Maßnahmen wie z.B. ein Corona-Schnelltest nicht älter als 48 Stunden oder ein PCR-Test nicht älter als 72 Stunden, unternehmen werden“.
ВАЖНО: Од 19 Декември Македонија не е на листата на високо-ризични земји (области) така што не е потребно пријавување (Einreiseanmeldung) и карантин.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК