Во Германија засега се признаени вакцините кои официјално се признаени од европската унија и тоа се:
-Biontech/Pfizer (2 дози)
-Moderna (2 дози)
-AstraZeneca (2 дози)
– Johnson & Johnson (1 доза)
За да биде признаена вакцината потребно е да поминат 14 дена од последната примена вакцина.
Повеќе информации на оваа тема може да прочитате на страната на Владата на Германија ЛИНК
И на страната на Paul Ehrlich институтот ЛИНК
Што се однесува до прашањето: “Дали се признава целосно вакцинирање со некоја вакцина која не е признаена (на пример кинеската Синофарм”) во Германија и потоа “освежување” со трета доза со некоја од признаените вакцини? “. Досегашните наши истражувања покажаа дека таква комбинација не е предвидена во правилниците на институциите кои се занимаваат со оваа тематика. Од тие причини ние одлучивме оваа прашање директно да го поставиме до Сојузното Министерство за Здравство (Bundesgesundheitsministerium). Се надеваме дека наскоро нашето прашање ќе биде одговорено и ќе може да ви го пренесеме одговорот.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК