Covid 19 Актуелно Вести

Одлични вести. Македонија од недела 19 декември не е веќе на листата на високо ризични земји. Што значи тоа?

Напишано од Aleksandar Ivanov

Напомена: овие мерки се однесуваат исклучиво за оние кои имаат постојан престој во Германија. Правилата кои важат за туристичка односно посета на блиски роднини може да ги прочитате ОВДЕ.

Robert Koch Institut (RKI) денес ја објави актуелизираната листа на земји рангирани според степенот на ризичност од корона вирусот. Според најновото рангирање Македонија не е повеќе на листата на високо ризични земји. Оваа одлука ќе стапи на сила во НЕДЕЛА 19 декември на полноќ. ИЗВОР

Ова се одлични вести за сите кои ќе патуваат за празниците. За тие што се вакцинирани со некоја од признаените вакцини во Германија или ја прележале болеста во последните 6 месеци ќе нема никакви обврски за патувањето кон Германија. Додека тие што не се вакцинирани ќе треба да приложат негативен антиген (48 часа важност) или PCR (72 часа важност) тест. Пријавување и карантин не се потребни.

Кои вакцини се признаени во Германија : ЛИНК

НАПОМЕНА!!! Сертификатите за вакцина во Германија моментално имаат важност од една година ИЗВОР

За влез и излез од Македонија потребни ви се следните документи :

–          сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19;
–          сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
–          медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез/излез на/од територијата на Република Македонија или
–          негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез/излез на/од територија на Република Македонија.

ИЗВОР

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот