Covid 19 Актуелно Вести

Македонија повторно на листата земји со висок ризик на инфекција. Што значи тоа?

Напишано од Aleksandar Ivanov

Почнувајќи од недела 16 јануари во 0:00 часот Македонија повторно ќе биде вратена на листата на региони со висок степен на ризик од инфекција со Ковид 19 вирусот.
Извор: Robert Koch Institut (RKI) – ЛИНК

Ова значи дека за сите патниците од Македонија во Германија повторно важи обврската за дигитално пријавување (Einreiseanmeldung-ЛИНК) за влез во Германија.

Исто така повторно стапува на сила и задолжителниот карантин и тоа:

  • Вакцинираните и тие што ја прележале болеста се ослободени од карантин
  • Невакцинираните имаат обврска од 10 дена карантин, со можност преку негативен тест да се скрати на 5 дена.
  • Децата под 12 година имаат обврска 5 дена да бидат во карантин

За влез во Германија тест треба да приложат само невакцинираните возрасни лица над 12 години.

Остантите правила за влез остануваат онака како што веќе пишувавме и тоа:

За лица со постојан престој во Германија важат следните правила за влез во Германија: ЛИНК

За туристичка посета важи следното : ЛИНК

За влез и излез од Македонија важи следното : ЛИНК

Вакцини кои се признаени во Германија : ЛИНК

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот