Многу често се случува еден член од семејството да е државјанин на една ЕУ членка, а останатите членови на семејството да се државјани на т.н трети земји (меѓу кои засега спаѓа и Република Македонија).
Во таков случај, лицето кое има ЕУ државјанство (сопруг/сопруга/партнер), има право на т.н спојување на семејство. Се разбира, за тоа треба да ги исполнува основните предуслови за нормална егзистенција ( работа, живеалиште, здравствено осигурување и сл.)
При тоа, доколку лицето кое се приклучува кон лицето кое е ЕУ државјанин, доаѓа од земја за која не е потребна шенген виза за влез во Германија, може директно да дојде тука во Германија и тука да поднесат барање за издавање на дозвола за престој (Aufenthaltstitel). Често пати во вакви случаи, конкретно за македонски државјани се бара процедурата да се направи преку германската амбасада во Република Македонија, што е непотребно, знаејќи дека Македонија има договор за визна либерализација со земјите потписнички на шенгенскиот договор и се наоѓа на ЛИСТАТА на земји за кои не е потребна шенген виза за влез во Германија.
Според тоа, секогаш кога има таков случај, секој има право да се повика на постоечката ЕУ-легислатива, имајќи го предвид Правилникот на ЕУ (CELEX-Das Recht der Unionbürger und ihrer Familienangehörigen), во врска со слободно движење на државјаните на ЕУ земјите, како и членовите на нивните семејства, во рамките на целата ЕУ.
Често пати за вакви случаи засегнати беа македонски државјани, на кои им беше сугерирано да закажат термин за спојување на семејство во германската амбасада во Македонија, и првата виза да ја извадат од таму, што практично е непотребно, имајќи ги предвид горенаведените факти.
Споменатиот ПРАВИЛНИК на ЕУ, е добра законска основа и за случаите кога за новородените деца тука во Германија, се инсистира на вадење на ЕУ државјанство, т.е пасош . Имено, согласно истиот ПРАВИЛНИК, децата имаат право на дозвола за престој (Aufenthaltstitel) како деца на родители кои поседуваат ЕУ пасош.
Особено важни делови на Правилникот се членовите 9, 10 и 20. За тие кои имаат потешкотии со германскиот јазик, правилникот е достапен и на хрватски јазик: CELEX-Спојување на семејство (ЕУ со НОН ЕУ)-хрватска верзија
За повеќе информации на вакви но и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија
Фото: Lider.com.mk