Online настава Македонци во Германија Настава по Македонски

Македонски јазик за ученици!!! Ексклузивна онлајн понуда на Volkshochschule-Düsseldorf

Напишано од Aleksandar Ivanov

Курс за ученици од 8 години. За овој курс ќе може да се пријавите до понеделник 22.2.2021.
Почеток на наставата е четвртокот 25.2.2021 од 18:30 до 20:00 часот. Цена за ученици 60 евра.

Сподели на

Со огромно задоволство ви го презентираме и вториот курс по македонски јазик кој влезе во понудата на Volkshochschule-Düsseldorf. Одличниот интерес за курсот за возрасни кој го презентиравме пред недела дена допринесе за тоа управата на VHS-Düsseldorf да излезе во пресрет на учителката Емануела Димова – Гомбар а на барање на членови на Македонци во Германија и да овозможи втор курс овој пат за ученици од 8 години.
За овој курс ќе може да се пријавите до понеделник 22.2.2021 на следниот линк: ОВДЕ
Почеток на наставата е четвртокот 25.2.2021 од 18:30 до 20:00 часот. Наставата ќе биде поделена во 15 наставни единици и ќе биде реализирана секој четврток во исто време. Последниот час ќе биде одржан на 1 Јули 2021.
Регуларна цена на курсот е 120 евра.
За учениците VHS нуди попуст од 50% па така курсот чини 60 евра.
Пријавувањето за тие што добиваат попуст се одвива по стандардна процедура кликни овде. Откако ќе се пријавите за курс процедурата за да се добие попуст е следна:
Сликајте или скенирајте ја ученичката легитимација (Schülerausweis) ако случајно немате ваква легитимација може да приложите некој друг документ на пример здравствена картичка. Сликаниот или скениран документ го праќате на следната e-mail адреса: vhs@duesseldorf.de.
НАСЛОВ на е-маилот: “Antrag auf Ermäßigung Kursnummer W566002-D”
Во емаилот напишете го името и презимето на ученикот/чката.
Откако ќе се пријавите ќе добиете ЛИНК за алатките кои ќе се користат за реализација на наставата. Материјалите за настава ќе ви бидат исто така бесплатно онлајн достапни.
Сите други детали за овој курс се исти како и за курсот за возрасни и може да ги видите ОВДЕ (на македонски) и ОВДЕ (на Германски-Deutsch).

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата

 

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот