Covid 19 Актуелно Вести

Се што треба да знаете за новите правила кои важат за враќање од Македонија за Германија.

Напишано од Aleksandar Ivanov

Министерството за надворешни работи (Auswärtige Amt), Министерството за здравство (BMG) и министерството за внатрешни работи (BMI) на Германија денес (14-ти мај) ја објавија нова листа на земјите рангирани според ризикот за инфицирање со вирусот Covid19. Според новото рангирање кое стапува на сила од недела 16-ти мај во 0:00 часот Македонија е со подобрен статус односно од високо ризична земја/регион (Hochinzidenzgebiet) сега е рангирана како ризична земја/регион (Risikogebiet).

Што значи ова во превод за тие со постојан престој во Германија кои патуваат од Македонија за Германија? За посета на Германија имаме посебен текст кој може да го прочитате ОВДЕ

  1. Пријава: И натаму е потребно пред да допатувате во Германија да се пријавите online на следната платформа: Еinreiseanmeldung.de Потврдата дека сте пријавени треба да ја имате со вас.

 

  1. Тест односно потврда дека сте вакцинирани или сте го прележале вирусот: За влез во Германија треба да имате потврда за негативен Covid19 тест или соодветни потврди во случај да сте вакцинирани или во последните 6 месеци сте го прележале вирусот.

Признаени тестови се тест направен по метода на Nucleic Acid Amplification Technology. Во оваа група спаѓа PCR тестот. PCR тестот не смее да боде постар 72 часа. Исто така признаени се и брзите Антиген (Antigen) тестови и тие за разлика од PCR тестот не смеат да бидат постари од  48 часа. За да биде признаен антиген тестот треба да ги исполнува минималните критериуми на Светската Здравствена Организација (WHO) SARS-CoV-2-Ag. Без разлика по која методологија ќе бидете тестирани, тестот треба да биде направен во овластена институција и од соодветен персонал. Резултатот од тестот треба да биде напишан на еден од следните јазици германски, англиски, француски, италијански или шпански. На резултатите треба покрај личните податоци и институцијата каде што е направен тестот да стои и кога е направен и по која методологија. Во случај да се работи за антиген тест треба да стои и производителот на тестот. Напоменуваме дека резултатите од антиген тестот се добиваат многу побрзо и овие тестови најчесто се многу поевтини од PCR-тестовите.

Потврдата за вакцинација исто така треба да биде напишана на еден од горенаведените јазици. За да биде признаена потврдата треба да има поминато 14 дена од денот кога сте ја примиле последната неопходна вакцина. Оваа потврда важи само ако сте вакцинирани со една од вакцините акредитирани од европската Унија. Оваа акредитација оди преку Paul Ehrlich институтот ЛИНК. Во моментов во ЕУ се акридетирани следните вакцини: Biontech/Pfizer, Moderna, AstraZeneca и Johnson & Johnson.

Како потврда дека сте го прележале вирусот треба да приложите ПОЗИТИВЕН PCR тест. Од овој тест треба да има најмалку 28 дена поминато но несмее да биде постар од 6 месеци.

  1. Карантин: Според новите правила кои важат од 12-ти мај (Einreiseverordnung des Bundesgesundheitsministeriums) сите кои престојувале во ризична земја или област се ослободени од домашна изолација односно карантин доколку најкасно 48 часа по пристигнувањето во Германија приложат негативен тест на платформата https://www.einreiseanmeldung.de. Од карантин со приложување на соодветна потврда се ослободуваат и вакцинираните и тие што во последните 6 месеци го прележале вирусот. Без приложен негативен тест или соодветна потврда карантинот трае како и досега 10 дена.

Напомена: Овие правила според германското министерството за здравство (BGM) важат на цела територија на СР Германија.

Извор: auswaertiges-amt.de, bundesgesundheitsministerium.de, rki.de

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата https://www.facebook.com/groups/makedonier/
Важно: Овој текст е авторска сопственост на порталот Македонци во Германија. Не е дозволено превземање на содржини од истиот без согласност на авторите. 
Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот