Чекор по чекор објаснета постапката за влез во Германија со цел посета со причина

Сподели на
  • Постапка за посета на блиски во Германија со македонски пасош.

Напомена: за да ви биде одобрен влез во Германија треба да имате добра причина која се наведува во „барањето за влез„ види точка 7.

  1. Пријава за влез (Einreiseanmeldung). Пријавата ја пополнувате на интеренет и ја печатите.
  2. Selbstdeklaration (симни OВДЕ) Овој документ треба да го имате кај вас и да го покажете на граница.
  3. Потврда за врска со лицето кое ви иде на гости
    • Во случа на директна фамилијарна врска (мајка, татко, деца) доволно е извод од матичната книга на родените од лицето каде што ќе престојувате.
    • Во случај да се работи за партнер тогаш ви требапотврда за партнерска врска (Erklärung zur Beziehung) (симни ОВДЕ).Овој документ треба да биде потпишан од двајцата партнери. 
  4. Копија од пасош и виза од лицето каде што ќе престојувате
  5. Потврда на адреса (Meldebescheinigung)
  6. Негативен корона тест не постар од 48 часа. Негативниот тест го доставувате до надлежната здравствен институција (Gesundheitsamt). Проверете на овој ЛИНК со внесување на поштенскиот број (PLZ) која институција е за вас надлежна.
  7. Покана (Einladung) односно барање за дозвола за влез (Antrag auf Einreisegenehmigung). Се работи за своерачно напишан текст во кој треба да стојат следните информации:
  • На почетокот претставете се кој сте и каде работите.
  • Потоа наведете ја врската со тој што го поканувате (сопружник, родител, деца, роднина, дечко, девојка и тн.) и причините поради кои го поканувате.
  • Податоци за тој што ќе ве посети (име, презиме, дата на раѓање, државјанство и број на пасош).
  • Кога пристигнувате во Германија, како и каде. Ако е на пример авион број на летот, аеродромот и времето на пристигање
  • На која адреса ќе престојува лицето (односно вашата адреса), кога и како ќе ја напушти лицето Германија. Пример: ЛИЦЕТО wird sich bei mir (siehe obengenannte Adresse) aufhalten. Sie/er wird dann am ДАТА wieder nach Mazedonien zurückreisen.
  • На крај потврдете дека се обврзувате дека сите предвидени Corona мерки ќе бидат од ваша страна испочитувани. Пример: „Ich möchte hiermit ausdrücklich Bestätigen, dass unserseits alle aktuelle Corona-Maßnahmen wie z.B. Anmeldung beim Gesundheitsamt, 10 tägige Quarantäne, sowie ein Corona-Test nicht älter als 48 Stunden, unternehmen werden“.

Овој текст го праќате по е-Маил до надлежната полициска станица*. Од нив треба да добиете одговор по е-Маил дека смее да допатувате односно дека од нивна страна имате „Einreisegenehmigung”. Овој е-Маил испечатете го и носете го со себе.

*Надлежна полициска станица на пример ако слетувате на некој аеродром е полицијат на аеродромот. Пример ако слетувате на Frankfurt Hahn тогаш надлежна за вас е:

Polizeiwache Hahn

Gebäude 519 
55483 Hahn Flughafen  

Telefon: 06543 9810 
Telefax: 06543 981100 

E-Mail: pwhahn@polizei.rlp.de  

Почнувајќи од 16 мај 2021 Македонија е со подобрен рејтинг во однос на ризичноста, односно од високо ризична рангирана е како умерено ризична земја. Тоа значи дека тие што ќе приложат негативен корона тест се ослободуваат од карантин. Истото важи и за оние кои имаат потврда дека се вакцинирани или го прележале вирусот во последните 6 месеци. Повеќе на оваа тема може да прочитате ОВДЕ

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата
Македонци во Германија

Foto: BMI

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот