Online настава Без категорија Македонци во Германија Настава по Македонски

Екслузивно: Онлајн курс по македонски јазик за странци и оваа година во понудата на Volkshochschule Düsseldorf

Напишано од Aleksandar Ivanov

И оваа година Volkshochschule Düsseldorf повторно ги има во понудата онлајн курсевите по македонски јазик за странци со доцентката Емануела Димова-Гомбар.

Директно од наставничката Димова-Гомбар го добивме следното изведување.

Почитувани,

сакам да ве информирам дека и оваа година, четврта по ред продолжуваме со онлајн курсеви по македонски јазик за странци.
Овој вид на курсеви по македонски јазик за странци како единствен во Сојузна Република Германија за првпат беше понуден преку институција Volkshochschule во Диселдорф. Таа го понуди македонскиот јазик како 36 јазик во нивната јазична палета.

Oвој курс е наменет за возрасни странци кои што (не)знаат да зборуваат, читаат или пишуваат македонски, но имаат сопруг/а, пријатели, вработени или некаква друга дејност поврзаност со македонскијот јазик и истиот би сакале да го изучуваат.
Цената на курсот за 9 недели изнесува 108 евра.
Наставата ќе се одвива онлајн секој четврток од 18:30 до 20:15 часот. Започнуваме наредниот четврток на 29.02.2024.
Крајниот рок за пријавување е до вторник 27 февруари. Местата се ограничени затоа побрзајте.


Пријавувањето се врши на следниов линк: https://vhs.duesseldorf.de/programm/sprachen/englisch/kursangebote-von-a1-bis-c2/kurs/Onlinekurs-Mazedonisch-A11/D566001-D

Одржувањето на овој курс го поддржуваме од почеток. А на самиот почеток пред 3 години реализиравме интервју со доцентката Димова-Гомбар.
Интервјуто во кое можете да прочитате повеќе детали за овие курсеви може да го најдете на следните линкови:
КЛИКНИ ОВДЕ за германски јазик и
ОВДЕ за македонски.

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија. КЛИКНИ ОВДЕ

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот