MiD: Здраво Емануала или г-ѓа Димова-Гомбар?
Емануала: Овде Емануала.
MiD: Би сакале ли накратко да им се претставите на нашите читатели и членови?
Емануeла: Да секако, последните неколку години работам на еден проект финансиран од германското Министерство за деца, фамилија, бегалци и интеграција. Инаку, јас сум дипломиран преведувач по германски и англиски јазик на катедрата за преведување и толкување при Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Магистрирав „Европски Студии“ на универзитетот во Бон, а пo магистратурата бев стажант во Европскиот парламент во Брисел. Од 2018 сум овластен судски преведувач и толкувач за сите судови во Германија, регистрирана сум во Министерството за правда во Северна Вестфалија. Од неодамна сум и квалификувана наставничка по германски како втор странски јазик. На читателите повеќе им е познат поимот – наставник по интеграциони курсеви од А1 до Б1.
MiD: Твојата објава за online изучување на македонски јазик во Volkshochschule (VHS) Düsseldorf многу не израдува. VHS е огромна и многу значајна институција. Како дојде до тоа да се реализира ваков проект?
Емануeла: Идејата ми се вртеше низ глава многу оддамна. Првично од фрустрација, бидејќи ниту една јазична институција овде не нуди изучување на македонскиот јазик! Буквално, секоја година ја листев програмата на VHS со надеж дека и ние ќе се носиме рамо со рамо со другите јазици, бидејки со години не се промени ништо, започнав иницијатива и остварив разговори со директорката на VHS. Конкретни планови за реализација се случија минатата година каде одлучија од 2021 да го понудат и македонскиот јазик како 36-ти јазик во нивната јазична програма. Инаку, VHS Дизелдорф брои над 10 000 учесници коишто изучуваат странски или германски јазик и тоа моментално само онлајн.
MiD: Како што кажавме наставата ќе се одржи онлајн. Дали тоа значи дека курсот нема да биде само за тие што се од дизелдорф туку ќе може да се пријавуваат учесници од цела Германија?
Емануела: Да, на курсот може да се пријави секој без разлика каде живее.
MiD: Преку која апликација ќе се реализира курсот?
Емануела: Овој курс ќе се одржува онлајн. VHS има своја платформа за видео конференција којашто се вика „ Big Blue“. Истата платформа се користи и во училиштата. Со оваа платформа VHS работи веќе 18 години.
MiD: Која е целната група и за која возраст е наменет курсот?
Емануела: На овој курс можат да се пријават возрасни коишто не знаат македонски, а сакаат да го научат македонскиот јазик. Исто така, оние родители кои сакаат нивното дете да научи македонски јазик, да пишува и чита на кирилица, еве можност да се информираат и да ни ги пријават своите деца. Предуслов е да се има над 10 години.
MiD: По која програма ќе се реализира наставата и кое ниво ќе се изучува? Односно, дали курсот е само за почетници или и такви кои имаат предзнаења? Во тој контекст, дали ќе има некаков вид на тестирање за да се утврди степенот на познавање на јазикот?
Емануeла : Како што спомнав, ова е пилот проект и не знам колкава би била заеинтересираноста.Засега стартуваме со А1.1 азбука и основна комуникација. Доколку се јават кандидати со предзнаење имаме можност да создадеме нов курс. Моја цел е доколку има доволно учесници да создадеме посебен курс за возрасни, посебен за деца.Се зависи од бројот на учесниците. Еден курс може да се одржи доколку се пријават минимум 6 учесници.
MiD: Каков наставен материјал (книги, скрипти итн.) ќе се користи и како ќе можат учесниците да набават наставен материјал?
Емануела: Наставниот план се состои од скрипти и вежби кои јас ги правам. Истите делумно се потпираат на нашиот образовен план за прво одделение. Притоа, го земам фактот дека за учесниците ова е странски јазик.
MiD: Што поточно опфаќа наставата (граматика, пишување и читање, говор)?
Емануела: Комбинација од читање, пишување, граматика, говор.
MiD: VHS по принцип доделува сертификати за завршен курс. Кажете ни нешто повеќе за тие сертификати каде ќе можат да се употребуваат и дали истите имаат важност и надвор од Германија?
Емануела: Да, сертификат се доделува по завршувањето на курсот. Предуслов е учесниците да бидат присутни на 80% од наставата. Сертификатот е доказ дека сте посетувале настава по македонски јазик но, не претставува сертификат за положен испит по македонски јазик.
MiD: Кажете ни нешто повеќе за начинот на запишување (опис и линк за пријавување). До кога траат уписите и во кои термини ќе се оддржува наставата? Која е цената и на кој начин се врши уплата?
Емануeла :Линк ѕа пријавување е: https://vhs.duesseldorf.de/vhs/sprachen0/sprachen-suedeuropas.html?kathaupt=11&knr=W566001-D&kursname=Onlinekurs+Mazedonisch+A11&katid=1533. Наставата ќе се одвива секој вторник од 18.30 до 20.00 часот. Ќе стартуваме на 23 февруари. Крајниот рок за пријавување е 19.2.2021 год. Цената за 15 недели изнесува 120 евра.
MiD: Одредени групи на граѓани можат да добијат попуст. Кои се тие групи и колкави се попустите?
Емануeла : Да, одредена група на граѓани може да добие попуст и тоа: ученици и невработени имаат попуст од 50%, студенти и практиканти добиваат 20% намаление.
MiD: За вакви проекти секогаш се обидуваме за нашите членови да обезбедиме симболичен попуст од 20-тина проценти. Во овој случај тоа не е можно. Зошто?
Емануeла: Бидејќи, како што спомнав курсот е организиран преку VHS и попусти се доделуваат само на погоре споменатите групи на граѓани.
MiD: Ви благодарам многу и ви посакувам успешна реализација на курсот.
Емануeла: Ви благодарам и Вам за одвоеното време и вашата поддршка.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата:Mакедонци во Германија .
*Авторски текст на порталот Македонци во Германија. Дозволено е споделување само директно преку линк или преку нашата истоимена Facebook фан страна ЛИНК.
Здраво,
сакам да прашам дали има курсеви по македонски јазик за деца од 11 години? И доколку има каде се одржуваат курсевите и колку коштата? Инаку ние живееме во Бохум-NRW
Да Весна. Повелете:https://makedoncivogermanija.com/?p=1896