Неодамна на You Tube каналот на Македонци во Германија беше прикажан вториот дел на епизодата “47 Визи” со Виктор Гичев. Тоа всушност е дел од поткастот БЕЗ ГРАНИЦИ, проект на админ тимот на Македонци во Германија. Целта е од лични искуства да се запознаеме со згодите и незгодите на луѓето кои решиле животот да го спакуваат во еден куфер и да извадат карта во еден правец.
Детали за првиот дел од оваа епизода може да видите на нашиот портал ЛИНК.
Ова интервју предизвика огромен интерес. Па така по објавувањето добивме огромен број на пораки од луѓе кои сакаа да стапат во директен контакт со Виктор без да знаат дали тој воопшто уште се занимава со тоа што го работел на почетокот кога дошол во Германија.
Одговор на прашањето како со одвивал патот на Виктор овде во Германија ќе добиете во вториот дел. Во кој ќе зборуваме за многу интересни случки кои ги поминал Виктор во Германија. Ќе дознаете и за односот кон него на луѓето на кои им помогнал да дојдат во Германија. Видете колку од нив стиснале заби и останале овде. Виктор ќе раскаже и за тоа со што се занимава денес, како и за добрите и лошите страни на животот во Германија:
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.