Актуелно Култура

Слушнете ја „Билјана платно белеше„ во изведба на „Македонските ѕвончиња„. Уписите за наредниот онлајн курс по пеење се во тек!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Минатата недела заврши вториот циклус на онлајн настава по хорско пеење кај учителката Марина Коруновска. Резултатот е прекрасната изведба на безвременската мелодија „Билјана платно белеше„ испеана од над 40 дечиња учесници на оваа настава.

За тоа како помина овој втор циклус на настава зборувавме со 12 годишниот Олег Савовски од Германија еден од учесниците во овој проект, преку кој најмладите од цел свет ја изучуваат и негуваат традиционалната македонска мелодија.

МиД: Здраво Олег како си?

Олег: Здраво Александар,јас сум добро,благодарам на прашањето.

МиД: Олег ти си еден од 40-тина дечиња кои беа дел од online наставата по пеење Марина Коруновска. Имаше ли и други дечиња од Германија?

 Олег: Да имаше и други дечиња од Германија,но и од други земји исто така.

МиД: Наставата траеше околу 3 месеци. Крајниот резултат е песната “Билјана платно белеше”. Како ти се допаѓа видеото кое беше вчера промовирано?

Олег: Видеото е супер, полно со распеани другарчиња од целиот свет.

МиД:  Наставата беше Online. Како поточно се одвиваше?

Олег: Online наставата се одвиваше преку Зум. Бевме поделени во две групи. Чекаме да се вклучат сите деца, потоа почнуваме со опуштање на гласот со вежби ( мали рефрени) и  почнуваме полека со дел од песната. Професорката работи со секое дете посебно,( останатите слушаме) што според мене е супер. Прво го учиме текстот дел по дел и потоа се спремаме за пеење и на секој час професорката секое дете го слуша и коригира во тоновите.

МиД: Освен “Билјана платно белеше” пеевте ли и други песни?

Олег: Не. Ја спремавме само Билјана платно белеше.

МиД: Која македонска песна тебе ти е најомилена?

Олег: Иако имам неколку,македонско девојче ми е омилена.

МиД: Пред овој курс имаш ли и друг пат посетувано настава по пеење?

Олег: Ваква настава првпат посетувам, а инаку во основно пеев во хор.

МиД: Би сакал ли повторно да бидеш дел од некој ваков проект и кога ќе почне третиот циклус на настава?

Олег: Да секако ,затоа и продолжив со третиот проект. Песната што ја спремаме ќе остане тајна. Наставата почнува во недела 25 Април во 19 часот. А ако како и во минатиот курс има поголема заинтересираност ќе има настава и во понеделник.

МиД: Ти благодарам Олег и благодарам што на видеото ја носиш маицата “Македонци во Германија”.

Олег: Благодарам и на тебе Александар, ми беше мило .Инаку, маицата ми е една од омилените. Би сакал на крај да се заблагодарам и на професорката Марина за убавата идеја да го направи овој онлајн хор Македонски Ѕвончиња во кој може секое дете од целиот свет да научи и да испее македонска песна. Инаку професорката е супер, секогаш расположена, има премногу стрпление и ти дава мотивација да научиш да пееш.

Инаку сите оние кои сакаат да се запишат за настава во третиот циклус тоа можат да го направат преку фејсбук на следната страна: ЛИНК

За членовите на нашата група Македонци во Германија и овој пат е обезбеден попуст од 20%.

Повеќе детали за курсевите и професорката Марина Коруновска може да прочитате во интервјуто кое го направивме пред почетокот на вториот циклус на настава: ЛИНК .

За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот