- Постапка за посета на блиски во Германија со македонски пасош.
Напомена: за да ви биде одобрен влез во Германија треба да имате добра причина која се наведува во „барањето за влез„ види точка 7.
- Пријава за влез (Einreiseanmeldung). Пријавата ја пополнувате на интеренет и ја печатите.
- Selbstdeklaration (симни OВДЕ) Овој документ треба да го имате кај вас и да го покажете на граница.
- Потврда за врска со лицето кое ви иде на гости
- Во случа на директна фамилијарна врска (мајка, татко, деца) доволно е извод од матичната книга на родените од лицето каде што ќе престојувате.
- Во случај да се работи за партнер тогаш ви требапотврда за партнерска врска (Erklärung zur Beziehung) (симни ОВДЕ).Овој документ треба да биде потпишан од двајцата партнери.
- Копија од пасош и виза од лицето каде што ќе престојувате
- Потврда на адреса (Meldebescheinigung)
- Негативен корона тест не постар од 48 часа. Негативниот тест го доставувате до надлежната здравствен институција (Gesundheitsamt). Проверете на овој ЛИНК со внесување на поштенскиот број (PLZ) која институција е за вас надлежна.
- Покана (Einladung) односно барање за дозвола за влез (Antrag auf Einreisegenehmigung). Се работи за своерачно напишан текст во кој треба да стојат следните информации:
- На почетокот претставете се кој сте и каде работите.
- Потоа наведете ја врската со тој што го поканувате (сопружник, родител, деца, роднина, дечко, девојка и тн.) и причините поради кои го поканувате.
- Податоци за тој што ќе ве посети (име, презиме, дата на раѓање, државјанство и број на пасош).
- Кога пристигнувате во Германија, како и каде. Ако е на пример авион број на летот, аеродромот и времето на пристигање
- На која адреса ќе престојува лицето (односно вашата адреса), кога и како ќе ја напушти лицето Германија. Пример: ЛИЦЕТО wird sich bei mir (siehe obengenannte Adresse) aufhalten. Sie/er wird dann am ДАТА wieder nach Mazedonien zurückreisen.
- На крај потврдете дека се обврзувате дека сите предвидени Corona мерки ќе бидат од ваша страна испочитувани. Пример: „Ich möchte hiermit ausdrücklich Bestätigen, dass unserseits alle aktuelle Corona-Maßnahmen wie z.B. Anmeldung beim Gesundheitsamt, 10 tägige Quarantäne, sowie ein Corona-Test nicht älter als 48 Stunden, unternehmen werden“.
Овој текст го праќате по е-Маил до надлежната полициска станица*. Од нив треба да добиете одговор по е-Маил дека смее да допатувате односно дека од нивна страна имате „Einreisegenehmigung”. Овој е-Маил испечатете го и носете го со себе.
*Надлежна полициска станица на пример ако слетувате на некој аеродром е полицијат на аеродромот. Пример ако слетувате на Frankfurt Hahn тогаш надлежна за вас е:
Polizeiwache Hahn
Gebäude 519
55483 Hahn Flughafen
Telefon: 06543 9810
Telefax: 06543 981100
E-Mail: pwhahn@polizei.rlp.de
Почнувајќи од 16 мај 2021 Македонија е со подобрен рејтинг во однос на ризичноста, односно од високо ризична рангирана е како умерено ризична земја. Тоа значи дека тие што ќе приложат негативен корона тест се ослободуваат од карантин. Истото важи и за оние кои имаат потврда дека се вакцинирани или го прележале вирусот во последните 6 месеци. Повеќе на оваа тема може да прочитате ОВДЕ.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата
Македонци во Германија
Foto: BMI