Возачки дозволи Признавање на документи

Промена на македонската возачка дозвола за германска

Напишано од Aleksandar Buzleski

Македонските возачки дозволи во Сојузна Република Германија во целост се признати од септември 2018 година. Два основни услови за тоа се:

*лицето да има постојана адреса на територија на Германија, и

*во периодот кога лицето се стекнало со македонската возачка дозвола не смее да биде пријавено на адреса во Германија. Во контекст на вториов услов, важно е да се напомене дека доколку лицето живее во Германија, а сака да полага возачки испит во Македонија, неопходно е да се одјави најмалку 185 дена од постојаната адреса во Германија. Во спротивно, таквата возачка дозвола нема да биде валидна во Германија.

Доколку лицето ги исполнува горенаведените два услови, може слободно да поднесе барање за промена на македонската возачка дозвола за германска, во најблиската надлежна институција (Führerscheinstelle).

Во врска со промена на македонската возачка дозвола за германска, многу лица имаа проблем при самиот процес, само затоа што во меѓувреме ја обновиле македонската возачка дозвола во Македонија, а во тој период биле пријавени на постојана адреса во Германија.

Со оглед на тоа дека за таков специфичен случај нема конкретно законско решение, останува да се повикате на таков случај кој добил судска разрешница. Повелете случај на судска пресуда во корист на лицето кое поднело барање за промена на својата возачка дозвола за германска ( во конкретниов случај се работи за јапонски државјанин).

Најважен момент е ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА ДА Е СТЕКНАТА ПРЕД ПРИЈАВА НА ПОСТОЈАНА АДРЕСА ВО ГЕРМАНИЈА. Доколку имате таков проблем, слободно повикајте се на оваа судска пресуда. Правото мора да се применува еднакво за сите. Во продолжение и линк од самата судска пресуда:

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на
Симнете ја мобилната апликација

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот