Даноци Информации Социјални додатоци

Промени во 2021 година (солидарен додаток, даноци, минимална плата…)

Напишано од Aleksandar Ivanov
  1. Од 2021 се укинува солидарниот додаток

Од плаќање на солидарен додаток (Solidaritätszuschlag) ќе бидат ослободени повеќе од 90 проценти на германските граѓани. Според пресметките на Министерството за финансии, од намалување на давачките за солидарен додаток ќе профитираат неженети со годишен бруто приход до околу 96.800 евра и брачни двојки со годишен приход до околу 193.500 евра. Владата на СР Германија на својот Homepage го презентира следниот пример: „Брачна двојка со две деца и со годишни бруто примања од 66.000 евра и од 54.800 евра ќе заштедат годишно скоро 1.000 евра. Самец без деца со бруто годишна  плата од 31.200 евра годишно ќе заштедите околу 200 евра.

2. Постепено зголемување на минималната плата

Почнувајќи од оваа година, законски определената минимална плата постепено ќе се зголемува. Во јануари 2021 година минималната бруто саатница од досегашните 9,35 евра ќе се искачи на 9,50 евра. Понатамошно зголемување ќе следи на 1 јули кога минималната плата ќе се зголеми за 10 центи на 9,60 евра. По одлука на владата на СР Германија една година подоцна, на 1 јули 2022 година законската минимална плата треба да биде зголемена на 10,45 евра.

ВНИМАНИЕ: Лимитот за Minijob (мини работа ослободена од даночни давачки) останува 450 евра така што тие кои заработуваат приближно до оваа граница треба навреме да си ги намалат работните часови за да не ја поминат оваа граница.

3. Данокот за персонални возила ќе се зголеми за скоро сите

Секој што има ново возило со високи емисии на загадување над 195 грама CO2 на километар, ќе мора да плаќаат двојно повисок данок за возилото. Автомобилите што испуштаат до 95 грама CO2 на поминат километар треба да плаќаат помалку. Од 2021 година сите кои до работното место поминуваат повеќе од 20 километри во еден правец од досегашните 30 центи по изминат километар ќе можат од данокот да одбијат 35 центи по поминат километар. Пример ако работното место ви е оддалечено 25 километри и работите 220 дена од годината 220 дена/годишно х 25 километри = 5.500 км/годишно. Досега од оданочување ќе ви беа ослободени 5.500 км/годишно х 0,3 евра/км = 1.650 € додека со новото олеснување тоа би биле 1.925 €. Напоменуваме дека тоа не значи дека ќе плаќате 1.925 € помалку данок туку дека овој износ нема да ви биде оданочен.

4. Даночно олеснување за оние кои работат од дома (Homeoffice)

Оние кои поради корона кризата се приморани да работат од дома ќе можат да добијат даночно олеснување од 5 евра на ден, но максимум 600 евра годишно. Од оваа мерка ќе профитираат само оние кои ја надминуваат годишната паушалната граница од 1000 евра даночно олеснување.

5. Детски додаток* и слободниот детски паушал** ќе се зголемат во 2021 година

Со одлука на владата во ноември 2020 година месечната детски додаток ќе се зголеми за 15 евра. Соодветно на тоа, родителите за првите две деца ќе добиваат по 219 евра  месечно детски додаток, за третото дете поддршката е на 225 евра а за четвртото 250 евра месечно. Зголемување ќе има и на слободниот детски паушал тој ќе биде покачен на 8.388 евра годишно односно 500 евра повеќе отколку во моментот. Од 2020 година, олеснувачката сума за самохрани родители е 4.008 евра. Заради корона кризата овој износ треба да остане иста во 2021 година.

Објаснување за Детски додаток* и слободниот детски паушал** може да прочитате во посебен текст за оваа тематика на нашиот портал

6. Лоши вести за возачите

Со одлука на владата од 2021 се зголемува данокот за CO2 издувни гасови со што ќе се зголемат и цените на горивата, нафтата за греење и природниот гас. Цената за еден тон CO2 првично ќе изнесува 25 евра. Со ова покачувањето на цените за гориво (бензин и дизел) ќе бидат околу 7 центи по литар. Планирано е износот за данокот за CO2 постепено да се зголемува до 2025 кога треба да стигне до 55 евра.  

7. Данокот на додадена вредност од 16% повторно се враќа на 19%

Минатата 2020 година поради корона кризата беше одлучено ДДВ-то од 19 да се намали на 16%. Оваа одлука важеше до крај на 2020 година со што од почетокот на оваа година данокот на додаден вредност е повторно 19%.

8. Амбициозни цели кога е во прашање заштитата на животната средина: забрана за пластика од јули 2021 година

Забраната за продажба на пластични предмети за еднократна употреба е исто така дел од напорите на владата за заштитата од климатските промени. Уредбата се очекува да стапи на сила на 3 јули 2021 година. Со што ќе бидат забранети пластични предмети за еднократна употреба. Со ова ќе бидат опфатени памучните стапчиња за уши, прибор за јадење, чинии, сламки за пиење, мешалки, стапчиња за балони направени од пластика, пластични чаши за пиење (To-go) како и пакување за брза храна и пластични садови за храна.  

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата https://www.facebook.com/groups/makedonier/

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот