Наташа Совраноски е убиената девојка чие мртв отело беше пронајдено во шума во близина на градот “Bad Teinach-Zavelstein”.
Повеќе детали за овој немил настан може да прочитате овде ЛИНК.
Иако сеуште нема потврда од полицијата нејзините најблиски преку социјалните медиуми веќе се збогуваат со неа.
За Наташа знаеме дека е со потекло од Македонија. Односно татко и е Македонец од Охрид додека мајка и е Италијанка. Била во брак и беше мајка на мало девојче.
Инаку Наташа била вработена како Обезбедување (Security).
Во продолжение ви го пренесуваме емотивното обраќање на некој од нејзините колеги преведено од германски.
Со длабока тага се сеќаваме на една прекрасна, силна жена, која прерано не напушти. Ти беше сонце во нашите животи, секогаш полна со топлина и срце. Нереално е чувството дека ни беше одземена од нас, и од твоето бебе. Ти не беше само мајка полна со љубов, туку и личност со големо срце, која секогаш беше до нас.
На твои млади години ти веќе беше развиена во неверојатна личност – интелигентна, силна, и со непроценлива вредност. Како најдобра во нашето Обезбедување (Security), секогаш ги третираше сите со почит, остануваше смирена и суверена, без разлика на предизвикот пред тебе. Ти беше таа што ги штитеше другите, дури и мене, повеќе од еднаш. Ти ни покажа што значи вистинска сила, преку твоите дела и зборови, преку твојата љубов и доверба.
Силни жени како тебе даваат без да бараат. Ни даде толку многу, без никогаш да побараш нешто назад. Но, еден човек ти го одзеде животот, бидејќи не можеше да се справи со твојата сила. Едноставно така… Бидејќи му беше премногу силна.
Срцето ми се кине што треба да те пуштам да си одиш. Скршен/а сум и никогаш нема да те заборавам. Ти, најсилната жена што ја познавав. Најдобрато обезбедување (Security), најисполнета мајка со љубов, која сите ја почитувавме. Вечно сум благодарна/ен што имав среќа да те запознаам.
Почивај во мир, ангелу мој. Засекогаш ќе останеш во нашите срца.
Извор : https://www.facebook.com/share/p/nHL7h2wb2VoLvz9o/
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.