Домување Информации

Кои се цените на струјата во европските земји?

Напишано од Aleksandar Buzleski

Најскапа струја во Европската унија и во цела Европа плаќаат Германците, каде киловат час чини околу 40 центи, а по нив следат Ирците, каде еден киловат час чини 38 центи.

На другиот крај од скалата, најевтини, кога станува збор за Европската унија, се граѓаните на Унгарија и Бугарија, каде што цената на киловат е 11, односно 12 евроценти.

Ако ја погледнеме цела Европа, тогаш најевтино е во Турција со само шест евроценти.

Што се однесува до балканскиот регион, граѓаните во Босна и Херцеговина плаќаат осум евроценти, во Србија десет евроценти, Црногорците 11, Хрватите 15, Словенците 21, Македонците 12 евроценти…

Интересен пример е Норвешка, каде просечната месечна нето плата е 4.465 евра, а киловат час граѓаните ги чини само 19 центи.

Кога сме кај Германија, за среќа пазарот на струја и гас е либерален, па со добра анализа сепак може да се дојде до подобра цена која ќе биде доста поевтина од средната цена (40 центи за киловат).

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот