Необичен настан се случил вчера откако 22-годишен Германец со пливање пристигнал до брегот каде што се наоѓа претседателската вила „Билјана“. Веднаш штом излегол од водата се упатил накај вилата по што иститот бил уапсен од страна на полицијата.
„На 06.08.2024 во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ,,Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р.С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок“, велат од СВР Охрид.
Инаку вилата „Билјана“ е изградена во традиционален македонски народен архитектонски стил и важи за една од 34 вили на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито. Додека другите вили се од отворен карактер за нашата не се се знае речиси ништо.
Денес, вилата е во сопственост на владата и Претседателот на Македонија, чии државници ја користат како своја лична летна вила. Бидејќи вилата се користи за сместување на високи владини политичари, пристапот е строго забранет за јавноста и оваа вила е деноноќно чувана.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.