Од страна на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ги покануваат сите потенцијални литературни творци од дијаспората во периодот од 21-23 Мај 2024 во Скопје. Поканата ја пренесуваме во целост:
Почитувани литературни творци од иселеништво
Традицијата започната 2023 година со промоција на писателите од иселеништво, ќе продолжи и следната 2024 година во месец мај, посветен на светите Кирил и Методиј. По тој повод ве покануваме за учество на Иселеничките литературни средби кои ќе се одржат од 21-23 мај 2024 година во Скопје. Престојот за време на средбите, две ноќевања со појадок и коктел, ќе биде покриен од Агенцијата за иселеништво.
Пријавувањето е до 1 февруари 2024 година на електронската адреса:
biljana@minisel.gov.mk
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија