Актуелно Вести Германија

ХАМБУРГ: Четворица загинати Албанци со лажни бугарски пасоши

Напишано од Aleksandar Buzleski

Веста дека на градилиште во германскиот град Хамбург загинале бугарски државјани доби поинаков пресврт откако беа извршени проверки во Бугарија и во Германија.

Истрагата покажа дека четворицата работници кои на 30 октомври починале на самото место, првично идентификувани како бугарски државјани, всушност биле албански државјани кои во Германија работеле со лажни бугарски пасоши.

Имено идентификацијата на четворицата Албанци кои загинаа при уривање на скеле во Хамбург, како и на петтиот Албанец кој е во кома била отежната поради тоа што петмината поседувале лажни бугарски пасоши со кои влегле во Германија и почнале да работат.

Бугарското МНР веднаш по објавата на веста во германските медиуми дека загинале бугарски државјани преку бугарската амбасада во Берлин побара официјални информации за идентитетот на жртвите, но не им беше потврден идентитетот на жртвите со образложение дека истрагата е отворена, објави агенцијата БТА.

“-Потоа се утврди дека загинатите биле регистрирани со бугарски документи од страна на нивниот работодавец, кој е косовски Албанец и за кого работеле на црно. По инцидентот, косовскиот Албанец исчезнал, забележува порталот Шчиптарија.”

Загинатите се на возраст од 31 до 35 години и се албански државјани од Елбасан,Дибра (Дебар) и Кукс. Од урнатините првично беа извадени три тела, а синоќа беше извадено и телото на четвртиот починат.

Станува збор за Алберт Зорба (31) од Елбасан, Астрит Џека (35) од Дебар, Ружди Хоџа (33) од Кукс како и уште едно лице од Мат чие име не е објавено.

Албанецот Алфред Виша, кој е во кома, има 33 години и е од северната албанската општина Мат.

Скелето каде што работеле градежниците Албанци се урнало утрото на 30 октомври од осмиот кат на зграда врз шахта од лифт. Се претпоставува дека под урнатините има уште жртви и се работи на извлекување на нивните тела.

Инцидентот се случил додека Албанците работеле на изградба на зграда во пристаништето Хафен Сити каде што се градат трговски центар, ресторани, канцеларии и хотели. На 700 работници кои секојдневно работат на ова големо градилиште им било наредено веднаш да се евакуираат на местото на трагедијата.

Албанските државјани и официјално аплицираат за бугарски пасоши
Инаку, Албанците се на петтото место меѓу странците во Бугарија кои легално аплицираат за бугарски пасош, а пред нив се само граѓаните од Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Бугарскиот пасош го користат за работа и престој во земјите од Европската Унија, а Германија е една од посакуваните дестинации во потрагата по подобра заработувачка и подобар живот надвор од границите на матичната земја.

Според официјалните податоци на Државната агенција за Бугарите во странство од почетокот на 2015 година до јули минатата година, 8.474 Албанци добиле одобрение за нивните барања за бугарско потекло. Во периодот 2015 – 2020 година бугарски пасош добиле 2.622 Албанци.

Извор: slobodenpecat.mk

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот