Актуелно Вести Германија

Нов генерален конзул на Република Македонија во Минхен

Напишано од Aleksandar Buzleski

“Денес и посакав и официјално добредојде на новиот македонски Генерален конзул во Минхен, г-ѓа Јулиана Николова. Во иднина ќе вложиме заеднички сили за да го подобриме квалитетот на конзуларните услуги во ДКП Бон и ДКП Минхен, со цел зголемување на задоволството од нашите услуги за македонските државјани во Германија. Јуле, среќно ❤️”- напиша денес на својот Facebook профил конзулот на Република Македонија во конзулатот во Бон, господинот Боро Мирчески.

Лево-Конзулот на Република Македонија во конзулатот во Бон, Сојузна Република Германија, господинот Боро Мирчески и десно-новиот генерален конзул на Република Македонија во конзулатот во Минхен, Сојузна Република Германија, госпоѓата Јулиана Николова

Македонската заедница во Германија се надева дека новиот шеф на конзулатот на Република Македонија во Минхен пред сè ќе биде на висина на својата задача, блиска до своите сограѓани Македонци во и околу Минхен.

Иначе од она што нашата редакција успеа првично да дознае за госпоѓата Јулиана Николова, се знае дека се работи за добар професионалец, кој во изминатите 15-20 години дал свој придонес на неколку функции во Република Македонија.

Конзулатот на Република Македонија во Минхен се наоѓа на следната адреса:

Brienner Str.56
80333 München

Нивниот официјален е маил гласи:

munich@mfa.gov.mk

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот