Актуелно Вести

На г.п. Келебија запленети рекордни 15 милиони евра

Напишано од Aleksandar Buzleski

Како што соопштија српските власти, вчера (15.06.2023) на граничниот премин Келебија на влез од Унгарија во Србија во возило со германски регистерски ознаки, при рутинска контрола била пронајдена засега рекордна сума на пари.

Конкретно, пронајдени се 49.700 евра, 53.993 американски долари, 14.370 британски фунти, 5.030 германски марки, 23.950 руски рубљи.

Врв на претресот биле 3 германски хартии од вредност, со вкупна вредност од 15 милиони евра (3 по 5 милиони евра).

На вообичаеното прашање на цариникот, патниците одговориле дека носат само личен багаж и дозволената количина девизи, по што следела детална проверка на возилото.

Предметот веднаш е предаден во надлежност на српското Вишо јавно обвинителство.

Извор: ТУКА

Foto:kurir.rs

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот