-Акцијата тече повеќе од успешно. По само неколку дена сме на половина пат од првичната зададена цел.
Секако, важен сегмент е што сите средства доаѓаат од странство, бидејќи, како што веќе напоменавме, апликацијата Gofundme, не дозволува донирање од територијата на Р. Македонија.
За многу кратко време, ќе известиме за начинот на кој што секој од Македонија, ќе може да донира. Бидете спремни, зошто тогаш ние сме на потег!
А до тогаш, повик до сите Македонци, навивачи на Вардар и вљубеници во македонскиот спорт од странство: Приклучете се на борбата за Вардар и бидете дел од возобновата на македонската фудбалска гордост!
СИТЕ ЗАЕДНО – ЗА ВАРДАР НАШ! – велат Комити.
Во продолжение линкот каде може да се донира: