Интервју Македонци во Германија Работа

ВИДЕО:Од американски сон до германска реалност во PUMA

Напишано од Aleksandar Buzleski

Гостин во седмата епизода од нашиот видео поткаст БЕЗ ГРАНИЦИ е “натурализираниот” Скопјанец Игор Ангеловски, иначе по потекло од Крива Паланка.

Иако има исто име и презиме со неповторливиот селектор на македонската фудбалска репрезентација (Игор Ангеловски-Мрме) нашиов Игор е потполно различен и физички, и по својот животен пат.

Во првиот од двата дела, Игор ни раскажа за неговиот тригодишен престој во САД, во потрага по “американскиот сон”, по што повторно се враќа во Скопје, каде неколку години е на добра позиција во MICROSOFT MACEDONIA.

Некаде во 2017-2018 Игор сепак одлучува дека “таму некаде” ќе најде “подобар живот” за себе и за семејството, па заминува за Берлин, Германија каде останува неколку месеци. Од таму заминува во Братислава, Словачка каде останува околу 1 година, но фактот дека е разделен со семејството го тера да бара трајно решение.

Па така, со големи напори успева да се избори за работа каква што тој смета дека заслужува, и станува сениор менаџер во PUMA GERMANY, каде е до ден денес. За тоа како успеал да се снајде во голема компанија каде службен јазик е англискиот, и за другите детали, не ја пропуштајте премиерата на првиот дел од приказната со Игор, во понеделник (27.03.2023) во 21:00 часот на нашиот YouTube канал Македонци во Германија.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот