Визи Информации Македонци во Германија

ВИДЕО: Азил во Германија – втор дел, со Драган Алексовски

Напишано од Aleksandar Buzleski

Во организација на админ тимот на ФБ групата Македонци во Германија, завчера беше прикажан вториот дел од втората епизода од новата видео емисија БЕЗ ГРАНИЦИ. Се работи за проект каков што одамна недостасуваше во етерот, со содржини кои воглавно ќе ги опфаќаат македонските иселеници. Независно дали се работи за некој кој емигрирал вчера или пред многу години, и независно во која дестинација.

Во првите неколку епизоди ќе се раскажува воглавно за Македонци во Германија, но планирано е да има гости и од “пошироката дијаспора” (цела Европа, Америка, Канада, Австралија и тн.) Воедно, ќе гостуваат и лица кои од дијаспората се вратиле во Македонија.

Целта е од прва рака да се запознаеме со причините зошто повеќето луѓе воопшто одлучуваат да заминат, како најдуваат работа и сместување, како обезбедуваат работни документи, со кои проблеми се соочуваат и слично. Гостите раскажуваат за своите згоди и незгоди, искрено и без цензури. На тој начин ќе се разбијат многу митови и заблуди поврзани со “работата во странство”.

Сите кои размислуваат да го спакуваат целиот живот во само еден куфер, во оваа емисија ќе најдат одговор на поботните прашања кои ги мачат. Воедно, заклучете сами зошто многу не ни стигнуваат на саканата дестинација или не успеваат да го издржат тој притисок и жртва, и одлучуваат да се вратат во Македонија.

Проследете ја оваа епизода во која гостин е Драган Алексовски, по потекло од Кавадарци.Слушнете ја неговата животна приказна директно од него.

Воедно ја користиме оваа прилика да ве поканиме сите вас што сакате да ја споделите вашата приказна, да ни пишете на нашата е маил адреса:

makedoncivogermanija@gmail.com

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот