Актуелно Вести Германија

Санкција за гласен петел откако соседот поднел судска жалба

Напишано од Aleksandar Buzleski

Еден прилично гласен петел во германскиот град Минхеберг во Бранденбург, ќе мора да ги поминува вечерите во звучно изолиран кокошарник, откако локален жител се пожалил на неговото екстремно ноќно кукурикање…

Повеќето луѓе живеат на село за да се спасат од бучавата во текот на ноќта, но една несреќна жена добила тешко животно искуство на село, кога гласниот петел почнал да кукурика без паузи во текот на целата ноќ.

Како што известува rbb24, бидејќи петелот бил чуван на само околу 20 метри од нејзината куќа и јасно се слушал од спалната соба, таа почнала разбирливо да се фрустрира и почнала да води „дневник на кукурикањето“, документирајќи го секој пат кога петелот кукурикал во периодот од 03:00 до 06:00 часот.

Одлучувајќи да преземе законски дејствија против петелот и неговиот сопственик, жената го изнесе проблемот на суд и ги претстави своите докази и аргументи.

Судијата на управниот суд во Франкфурт (Одер) застана на страната на жената, посочувајќи дека став 10 од Законот за државна контрола на бучавата вели дека ноќниот одмор треба да биде заштитен од значителна бучава помеѓу 22 часот и 6 часот наутро, и заклучил дека не постојат законски регулативи, пресуди и практики кои би му биле од помош на сопственикот на петелот.

На сопственикот сега му е издадена судска наредба да го чува петелот во затворен и звучно изолиран кокошарник во периодот од 22 до 6 часот наутро.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот