На отворениот светски кик-бокс турнир кој вчера (17.09.2022) се одржа во градот Леверкузен, Германија свое учество зеде и нашиот Македонец кој живее во Германија Виктор Димовски -ТАМПЕС.
Имаше кандидати од повеќе земји, меѓу кои: Чешка, Словачка, Полска, Франција, Белгија, Холандија, Луксембург и се разбира домаќинот Германија.
Нашиот “фајтер” Виктор Тампес се натпреваруваше во две дисциплини, и тоа:
- Light Contact до 60 кг од 15 до 17 години, каде што освои ПРВО место и ЗЛАТЕН медал и
- Point fighting до 60 кг од 15 до 17 години, каде што освои ВТОРО место и СРЕБРЕН медал
Важен момент од целиот настан е што противникот од Холандија кој требаше да се бори против Тампес во Light Contact до 60 кг, после детални анализи на стилот на Тампес, одлучил да го предаде натпреварот без борба.
На Виктор Димовски Тампес му честитаме за освоените два нови медали, и му посакуваме многу успех понатаму.
Инаку, нашиот портал претходно објави детална статија за Виктор (ЛИНК).
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.