Од утрово (21.07.2022) гасоводот Nord Stream (северен поток) со кој од Русија се снабдува со гас поголемиот дел на Европа (вклучително и Германија) повторно функционира после неколку-дневниот застој поради рутинското сервисирање на гасоводот кое се прави секоја година во летниот период.
Со ова (барем засега) стивнува стравот дека претстојната зима може да се “смрзнеме”. Како ќе се одвива ситуацијата понатаму останува да видиме.
Европските челници стравуваа дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја запре комплетно испораката на гас за Европа, како реципроцитет за нивните економски санкции. За среќа, преовлада разумот и засега нема опасност од несакани ефекти.
Да се надеваме дека намалувањето на тензиите помеѓу Западот и Русија ќе придонесе за нормализирање на цените на гасот.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија