Сојузниот министер за правда Марко Бушман за Рајнише пост најави дека многу ограничувања за корона вирусот ќе бидат укинати во март. Иако некои од виролозите во Германија се повнимателни, сепак министерот е прилично оптимистички настроен.
Тој се надева дека многу заштитни мерки ќе бидат повлечени во март.
Предуслов е процесот на инфекција да се развие како што предвидува Институтот Роберт Кох „а бројот на случаи повторно да се намали од средината на февруари“.
Министерот претпоставува дека нема да се справуваме со нови варијанти на вирусот на краток рок кои целосно ја менуваат ситуацијата повторно.
На прашањето какво олеснување моментално може да замисли, Бушман рече:
“На пример, треба да се запрашаме дали 2G сè уште може да се оправда во огромниот број на дуќани кои го бараат тоа засега”.
Доколку оваа оптимистичка изјава на министерот Бушман стане реалност, тоа ќе биде одличен предуслов за долгоочекуваното “враќање во нормален живот” кој сите со нетрпение го очекуваме.
Foto: fiercehealthcare
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.