По одличниот настап на Радојка Десподовска во музичкото шоу “The Voice of Germany” повторно натпреварувач со потекло од Македонија успешно настапи овојпат во шоуто “Deutschland sucht den Superstar (DSDS).
“Јас сум Даниел Мухаџери доаѓам од Виена но потекнувам од Македонија” вака Даниел го почна своето претставување во DSDS. Тој настапи пред жирито со песната “Hold me while you wait” од Lewis Capaldi. И покрај тоа што настапот на почетокот му беше несигурен со многу трема и лош тајминг жирито успеа да слушне потенцијал во неговиот глас. Па така по третиот обид овојпат со песната “Bruises” од Lewis Capaldi со два гласа за и еден против Даниел успеа да се пласира во наредниот круг “Recall”.
“Recall” настапот на Даниел беше многу посигурен и тој успеа да се пласира понатаму и да влезе во кругот на најдобрите 25 натпреварувачи кои ќе се борат за победа во оваа шоу. ЛИНК од Recall настапот.
Инаку оваа не е прво претставување на Даниел пред германската публика. Тој заедно со брат му Кевин беа дел и од шоуто Супер Талент во 2014 година ЛИНК
Му посакуваме на Даниел многу успех во понатамошното натпреварување.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК