Германската метеоролошка служба (Deutsche Wetterdienst – DWD) најавува обилни врнежи на дожд во регионите околу Karlsruhe почнувајќи од денес понеделник навечер па се до среда.
Погодени ќе бидат следните региони:
- Ortenaukreis
- Kreis Rottweil
- Kreis Freudenstadt
- Kreis Calw
- Kreis Rastatt
- Stadt Baden-Baden
- Enzkreis und Stadt Pforzheim
- Kreis und Stadt Karlsruhe
Овие региони се рангирани во црвена зона со степен на алармантност 8 односно предупредување од невреме со скала 3 што претставува претпоследно ниво на алармантност. Се очекува да има врнежи од 40 до 70 литри на m2.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК