Поради забрзаното ширење на омикрон варијантата на корона вирусот владата на СР Германија на денешната (21 декември) седница ги усвои следните мерки:
За приватни средби важи следното:
– До максимално 10 лица ќе можат да се среќаваат ако се сите вакцинирани или ја прележале болеста во последните 6 месеци.*
– Во случај на невакцинирани тогаш покрај лицата од Вашето домаќинство можете да се сретнете со уште максимално 2 лица од друго домаќинство.*
* И во двата случаи деца до 14 години се изземени од правилата.
И понатаму важат правилата 2G и 2G+ за културни и други објекти за рекреативни активности. Овие правила ќе важат и за продавниците со исклучок на продавниците за секојдневна потреба.
Клубовите и дискотеките ќе затворат.
Поголемите настани како на пример фудбалски натпревари ќе се одржуваат без публика.
Мерките стапуваат на сила од 28 декември 2021 година.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК