Актуелно Вести Германија

Фото: Германија ја доби новата влада и парламент. Кои се министрите во владата на Olaf Scholz!!!

Напишано од Aleksandar Ivanov

Во среда на 8 декември СР Германија и официјално ја доби новата влада.

Olaf Scholz од Социјалдемократската Партија на Германија (SPD) е деветиот премиер на Германија. Тој ќе ја замени Angela Merkel по 16 години или точно 5.860 дена владеење.

Премиер – Olaf Scholz (SPD)

За прв пат во историјата Германија добива влада на така наречена “семафор” коалиција. Односно коалиција помеѓу Социјалдемократската Партија на Германија (SPD), партијата на зелените (Die Grünen) и партијата на слободни демократни односно либерална партија (FDP). Новата влада ја сочинуваат 15 министри и еден шеф на кабинетот на премиерот. Шест министерски места и шефот на кабинетот на премиерот доаѓаат од редовите на SPD. Партијата на зелените има пет министерки места, додека четири министерски места се резервирани за либералната партија. Во продолжение видете кои се новите министри :

Министер за економија и заштита на климата – Robert Habeck (Die Grünen)
Министер за финансии – Christian Lindner (FDP)
Министер за внатрешни работи и за татковината – Nancy Faeser (SPD)
Министер за надворешни работи – Annalena Baerbock (Die Grünen)
Министер за правда – Marco Buschmann (FDP)
Министер за работа и социјала – Hubertus Heil (SPD)
Министер за одбрана – Christine Lambrecht (SPD)
Министер за исхрана и земјоделство – Cem Özdemir (Die Grünen)
Министер за фамилија, сениори, жени и млади – Anne Spiegel (Die Grünen)
Министер за здравство – Karl Lauterbach (SPD)
Министер за сообраќај и дигитална инфраструктура – Volker Wissing (FDP)
Министер за екологија, заштита на природата, нуклеарна сигурност и заштита на потрошувачите – Steffi Lemke (Die Grünen)
Министер за образование и истражување – Bettina Stark-Watzinger (FDP)
Министер за економско заедничко работење и развој – Svenja Schulze (SPD)
Министер за домувње, развој на градевите и градежништво – Klara Geywitz (SPD)
Шеф на кабинетот на премиерот – Wolfgang Schmidt (SPD)

Биографиите на министрите може да ги видите ОВДЕ.

На парламентарните изборите кои се оддржаа на 26 септември беше избран и новиот сојузен парламент на Германија (Bundestag).

Парламент на СР Германија

Дваесетиот германски парламент има 736 парламентарци. Со 206 освоени пратенички места Социјалдемократската Партија на Германија (SPD) има најмногу места во парламентот. По SPD со 197 пратенички мандати следува демохристијанската партија (CDU/CSU). Останатите места се поделени помеѓу партијата на зелените 118 пратеника, либералната партија 92 пратеника, алтернативната партија има 82 пратеника, левица 39 и два пратеника се независни.

Распоред на седишта во германскиот парламент

Пратениците кои го сочинуваат актуелниот германски парламент може да ги видите ОВДЕ

За повеќе информации и дискусии на вакви  но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија ЛИНК

Сподели на

За авторот

Aleksandar Ivanov

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот