Фирма во Германија се регистрира за 10 минути.
Обично има посебен оддел (Gewerbeamt) во самата општина. Самото отварање на фирма чини симболична сума на пари ( не би требало да е повеќе од 50 евра). Треба да се наведе точна дејност и опис на дејноста. Треба да наведете дали дејноста ќе биде ваша примарна дејност (Hauptberuflich) или додатна дејност ( Nebenberuflich). Може да си изберете име на фирмата, но и не мора. Може да стои вашето име. Седиште на фирмата може да биде посебно одреден деловен објект за таа намена. Но доколку се работа за дејност која ја обавувате од Вашиот дом, или едноставно се работи за дејност за која не е неопходен посебен деловен простор, тогаш како седиште на фирмата слободно може да ја наведете Вашата домашна адреса.
Деловен даночен број (Steuernummer für gewerbliche Tätigkeit) ќе добиете по автоматизам од страна на Finanzamt.
Ако се работи за основна дејност (Hauptberuflich) ќе мора сите придонеси (здравствено, социјално и пензиско осигурување) сами да си ги плаќате.
Освен тоа има и ситни додатни формалности како на пример членарина во комора на занаетчии, регулирање на чистењето на ѓубрето (со поголеми контејнери) доколку тоа е неопходно за самата работа и слично.
Ако планирате поголема фирма (со вработени) тогаш најдобро да си ангажирате добар сметководител (Steuerberater) за сите детални совети.
Пријавата за фирма (Gewerbeanmeldung) обично е во стандардизиран формат и се состои од две страни. Во многу општини може сами да си ја симнете од интернет, да ја пополните и да ја испратите до надлежниот Gewerbeamt.
Еве како изгледа пријавата, и кои податоци обично се потребни:
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.