Македонија со денешната победа против Ерменија си ја подотвори вратата за второто место кое води во бараж натпревари за пласман на светското првенство кое ќе се одржи во Катар на крајот од следната година. Но за успехот да биде комплетен на Македонија и беше потребно Исланд да изигра најмалку нерешено со Романија за да го задржиме тоа толку посакувано второ место во групата Ј. Тоа и се случи. Исланд ремизираше 0:0 во Букурешт против Романија. Со овој резултат Романија остана на третата позиција со 14 бода позади Македонија која е втора со 15 бода. Ова значи дека Македонија во свои раце односно нозе го има второто место и со победа во недела на 14 ноември во Скопје против Исланд ќе останеме на второто место и ќе имаме историска можност преку бараж да се најдеме меѓу 32-те најдобри светски репрезентации.