Со оглед на реалната потреба од компетентно објаснување за најважните процедури поврзани со македонската амбасада во Берлин или двата генерални конзулати ( во Бон и Минхен), нашата редакција пристапи кон директна соработка со надлежните во амбасадата на Република Македонија- одделение во Бон.
Како резултат на успешната соработка, а со цел ваше правилно информирање, ви ги приложуваме објаснувањата за најчестите потреби .
Во продолжение ви ја објаснуваме процедурата за издавање на патен лист.
Објаснување за постапката за издавање на патен лист во Одделението
на Амбасадата на Република Македонија во Бон:
Барањето за издавање на патен лист се поднесува лично. Потребни се следниве документи:
– македонска патна исправа со поминат рок или важечка македонска лична карта
– 2 биометриски фотографии
– 30 евра
Во дадени случаи, т.е. кога нема доволно докази за македонското државјанство, патниот лист не може да се издаде веднаш, туку е потребно да се изврши проверка од страна на надлежниот орган во Република Македонија. Проверката трае 3-4 недели. Кај изгубени или украдени пасоши потребно е да се достави и пријава за загубен пасош од надлежен германски орган.
За издавање на патен лист за малолетни лица потребно е двајцата родители да дојдат во Амбасадата на Република Македонија во Бон и да ги донесат следниве документи: доказ за идентитет на родителите, доказ за македонско државјанство на барем еден од родителите (македонска патна исправа или лична карта), патната исправа од детето (доколку поседува), македонски или од друга држава издаден извод од матична книга на родените на меѓународен образец, две фотографии и 30,-евра за секој патен лист.
Патниот лист се издава истиот ден и важи 30 дена од денот на издавање. Работното време на Одделението во Бон е од понеделник до петок од 09.00 до 13.00 часот, освен на македонски и германски празници.
За македонски државјани кои воошто не го познаваат (или делумно не го познаваат македонскиот јазик) во продолжение и превод на германски јазик:
Erläuterung zur Ausstellung eines Passersatzpapiers bei der Außenstelle
der Botschaft der Republik Makedonien in Bonn
Für die Ausstellung eines Passersatzpapiers ist ein persönliches Vorsprechen erforderlich. Folgende Unterlagen werden benötigt:
– abgelaufener makedonischer Reisepass oder gültiger makedonischer Personalausweis
– 2 Passbilder
– 30,- Euro
In manchen Fällen, bzw. wenn keine ausreichende Staatsangehörigkeitnachweise vorliegen, kann das Passersatzpapier nicht sofort ausgestellt werden, sondern es bedarf einer Überprüfung durch die zuständige Behörde in der Republik Makedonien. Diese Überprüfung dauert ca. 3-4 Wochen. Im Falle eines Verlustes des makedonischen Reisepasses ist ebenfalls eine Verlustanzeige der Polizei vorzulegen.
Für die Ausstellung von Heimreisedokumenten (Passersatzpapier) für minderjährige Kinder ist die Vorsprache der beiden Eltern bei der Außenstelle erforderlich. Mitzuführen sind: ein Nachweis über die Identität der Eltern, en Nachweis über den Besitz der makedonischen Staatsangehörigkeit von mindestens einer der Eltern (makedonicher Reisepass oder Personalausweis), falls vorhanden der abgelaufene Reisepass des Kindes, makedonische oder ggf. internationale Geburtsurkunde des Kindes, zwei Passbilder und 30,-Euro pro Person.
Das Passersatzpapier hat eine Gültigkeit von 30 Tagen. Die Öffnungszeiten der Außenstelle in Bonn sind Mo. – Fr. von 9.00 bis 13.00 Uhr, außer an makedonischen und deutschen Feiertagen.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.