Визи Информации Конзуларни прашања

Лоши вести од германската амбасада во Скопје – стопирани термините за виза!!!

Напишано од Boban Petrovski

Во целост ви го пренесуваме соопштението на амбасадата на СР Германија во Македонија.

Резервација на термини за наредните месеци.

Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин.

Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.

Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините. На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани-стои во сопштението на Фјесбук страната на Гермaнската амбасада во Скопје

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Boban Petrovski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот