Негувањето на македонскиот фолклор, обичаи и традиција е еден од приоритетите на Македонците во Германија. Во тој контекст, КУД Свети Никола од Mainz со гордост ги кани сите заинтересирани играорци за изучување на македонските традиционални ора и танци.
Уписот е во недела на 24.10.2021 со почеток од 12:00 часот во просториите веднаш до самата црква Свети Никола во Mainz .
Адреса:
August-Horch-Straße 4, 55129 Mainz
Раководители на проектот се Марија Крмаровска и Благојче Крмаровски.
На идните играорци им посакуваме лесен чекор и многу успех.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.