Актуелно Вести Германија

Двојно државјанство наскоро можно во Германија?

Напишано од Aleksandar Buzleski

Милиони луѓе во Германија, меѓу нив многу граѓани на Република Македонија мораат да изберат – или државјанството што веќе го имаат, или германско. Според сите очекувања, следната влада може да обезбеди двојно државјанство за сите.

„Младите луѓе над 18 години не можат да разберат дека сè уште имаме правила што се остаток од минатото кога станува збор за двојно државјанство“, рече шефицата на германските зелени, Аналена Бербок, за Deutschlandfunk во понеделникот (18 -ти октомври).

Во тој разговор, таа потврди дека социјалдемократите, зелените и либералите ќе се обидат да го отворат патот за модернизација на Германија во претстојните преговори за коалициската влада. Ова е нов знак дека следната влада би можела да овозможи двојно државјанство, за што претходно се зборуваше.

Сега во Германија е забрането двојно државјанство – освен ако не се државјани на друга земја -членка на ЕУ или Швајцарци. Во превод, може да има германски и хрватски пасош истовремено, но не може да има германски и македонски.

За милиони мигранти и нивните деца, тоа значи дека кога ќе ги исполнат условите за добивање германско државјанство, тие треба да одлучат дали ќе станат државјани на новата татковина или ќе го задржат старото државјанство.

Двојно државјанство се добива и во посебни случаи, па да речеме дека Мароканците го добиваат затоа што во Мароко се соочуваат со тешки последици доколку се откажат од државјанството.

Исто така, децата родени во Германија можат да имаат привремено двојно државјанство, но кога ќе наполнат 18 години, тие мора да се одлучат за едно.

Во моментов во Германија, по пет години континуиран престој и работа, може да се поднесе барање за дозвола за постојан престој, додека апликацијата за државјанство е можна по осум години. Потоа се полага тестот за знаење за германскиот правен систем, култура и историја.

Германското државјанство им носи на своите (нови) граѓани право на глас на сите нивоа, практично дозвола за престој доживотно, можност за вработување како државни службеници, како и патување без визи во 191 земја или територија во светот. Ова го прави германскиот пасош трет најсилен во светот, по Јапонија и Сингапур.

Извор: DW

Фото:thelocal.com

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот