Од денес (01.09 2021) стапуваат на сила новите ковид -19 мерки кои Владата на Република Македонија ги донесе. Тоа значи дека при влез или излез од државата секој ќе мора да поседува доказ за вакцинација, доказ за прележана болест (не постар од 45 дена) или негативен тест. Тестот може да биде пцр тест (не постар од 72 часа) или брз антиген тест (не постар од 48 часа).
Притоа, на лицата кои нема да поседуваат ниту една од трите горенаведени потребни документи, ќе им се одреди мерка “домашен карантин ” во траење од 7 дена, со можност после петтиот ден да се направи тест, со кој би се скратил самиот домашен карантин.
Истото ќе важи и за домашни и за странски државјани, а трошоците за изолација на странските државјани ќе биде на нивни трошок.
Исклучок ќе има за домашните возачи на товарни возила, како и странските возачи на товарни возила кои транзитираат низ земјата.
Странски државјани кои ќе минуваат транзит низ државата ќе може тоа да го сторат во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во Република Македонија која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излез од земјата.
Од мерката за транзит, исклучок ќе има само за екипажите на летала кои слетуваат на меѓународните аеродроми во земјава. Наместо 5 часа, за нив ќе се дозволува подолг транзитен престој поради природата на самата работа.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.