Уште едно појаснување во врска со новите КОВИД мерки за влез во Германија кои стапија на сила од 01.08.2021.
Со оглед на тоа дека Германија започна да ја смета Македонија како област со висок ризик од 22.08.2021, за лицата кои претходно престојувале во Македонија, овие мерки практично важат од 22.08.2021.
Во случај на претходен престој во област со висок ризик (но не област на варијанти на вируси), важи следново:
Воглавно има обврска за карантин во траење од 10 дена.Карантинот престанува предвреме доколку се приложи негативен тест, доказ за вакцинација или доказ за прележан вирус, преку порталот за пријавување при влез во Германија. Во случај кога се приложува негативен тест, истиот може да се приложи најрано 5 дена по влегувањето.
За деца под 12 -годишна возраст, карантинот завршува 5 дена по влегувањето (наместо 10 дена) дури и без докази.
Притоа, мора да се има во предвид дека од страна на Германија, официјално признати вакцини се:
-BioNtech,Pfizer
-Johnson & Johnson
-Moderna и
-Astra Zeneca.
Лица кои се вакцинирани со други вакцини кои не се на оваа листа (на пример Спутник или Синофарм) за сега се сметаат како невакцинирани и се третираат потполно исто како тие лица.
Важна напомена: За сите лица кои се враќаат во Германија од област со висок ризик, важи обврската за пријавување при влез во Германија на ПОРТАЛОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ.Значи тука се мисли и на лицата кои се потполно имунизирани, т.е вакцинирани, и на лицата кои ја прележале болеста, и се разбира на сите останати.
Во врска со тоа, Сојузната влада изработи едноставна табела каде е сè објаснето:
Извор: Auswärtiges Amt und Bundesregierung
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.