Covid 19 Актуелно Вести Македонија

Вонредни вести од аеродромот во Скопје

Напишано од Aleksandar Buzleski

Вонредна важна вест ни стига од аеродромот во Скопје:

“ℹ️ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИ ⚠️

✈Почитувани патници,

Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за изменување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен Весник на РМ бр. 193 од 18.08.2021 година), се врши измена на Протоколот на ТАВ Македонија за управување со аеродромите во време на пандемија.

Согласно најновата одлука, од денес, 19.8.2021, 21:00ч, влез во аеродромската терминална зграда ќе биде дозволен само со приложување:

– Сертификат / потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19; или
– Сертификат / потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
– Медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа, пред влегување.
*Ова не се однесува на лица под 18 години.

Влезот во аеродромската терминална зграда е на вратата Заминување С, додека излезот е на вратата Пристигнување В.
Потсетување: Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки против КОВИД-19 што се применуваат во аеродромската терминална зграда:

• Постојано носете заштитна маска.
• Одржувајте физичко растојание.
• Често дезинфицирајте ги рацете.
• Практикувајте бесконтактни технологии за завршување на аеродромските процедури.”

За вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот