Актуелно Вести Германија

Германската марка сеуште важи

Напишано од Aleksandar Buzleski

Пред речиси 20 години, еврото ја замени германската марка. Но, старите банкноти и монети вредни милијарди сè уште “лежат” во плакарите, фиоките и касичките за штедење на луѓето.

Според проценките на Бундес-банката, банкноти во вредност од околу 5,77 милијарди марки и монети во вредност од околу 6,61 милијарди сè уште не се разменети – вкупно околу 12,38 милијарди германски марки.

Вкупно 16,2 милиони марки беа примени во експозитурите на Дојче Бундес-банк оваа година.

За разлика од другите европски земји, банкнотите и монетите на германската марка може да се разменуваат неограничен период во Бундес-банката.

Според тоа, сите што до ден денес сеуште поседуваат дел од својата заштеда (или можеби целата заштеда) во вид на германски марки, нема од што да се плашат. Заштедите им се сигурни.

Извор: Sparkasse

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот