Македонија има огромна причина за радост. Македонскиот претставник на Летните олимписки игри во Токио, Дејан Георгиевски тукушто обезбеди олимписки медал во таеквондо. Дејан се пласира во финалето во категори до 80 кг. Доколку го совлада Русинот Ларин, Дејан и Македонија ќе се закитат со злато на Олимписки игри. Ова е огромен успех за една мала земја како Македонија.
Срцата на Македонците чукаат во ист ритам со срцето на Дејан, и се надеваме дека ќе ни приреди уште вакви причини за славење.
За вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија
Фото: МакСпорт