Полека но сигурно ги одбројуваме последните денови до почетокот на европското првенство во фудбал. Првенството почнува во петок 11-ти Јуни а Македонија го игра првиот историски натпревар на еден голем фудбалски собир во недела 13-ти Јуни во 18 часот против Австрија.
Како неизбежен декор на ваквите големи натпреварувања се знамињата на репрезентациите учесници. Ние сезоната на македонски знамиња на јавни места во Германија ја отвараме со фотографијата која ни ја прати Јетон Увејс направена во Едека во гратчето Waldshut-Tiengen.
За повеќе информации и дискусии на вакви но и на други теми придружете ни се во групата: Македонци во Германија