Во прилог проследете лично искуство на наш верен член, кој сакаше да остане анонимен. Конкретно се работи за патување со авион на релација Скопје-Карлсруе, при што доаѓа родителот кој живее во Македонија (кој првенствено доаѓа во Германија од здравствени причини кај својата ќерка, која работи како лекар на интензивна нега). Искуството го пренесуваме интегрално, и НАПОМЕНУВАМЕ дека тоа е само лично искуство на едно лице. Сепак, секој сам одлучува за себе:
“За доаѓање од Македонија во Германија туристички сеуште не е дозволено. Моите родители денес пристигнаа со летот од Скопје до Карлсруе.
Ги имаа сите наведени документи, плус термин за преглед ( татко ми е хронично болен и овде ги правиме сите контроли).
Поради тоа што имав пратено и е-маил на Bundespolizei , ми се јавија од таму и побараа да им пратам договор за работа и мој пасош.
Во разговорот полицаецот ми рече дека во случај на само тешко болни лица во живото-загрозувачка состојба е дозволен влез во Германија. Сеуште трае забраната за влез од НОН ЕУ земји.
Моите родители имаа среќа што поминаа.
Искрено да кажам праќав документи дека работам во болница, забрана од работодавецот дека не смеам да патувам во ризични земји ( работам на интензивна нега како лекар), сината карта, официјален документ за термин за лекарски преглед…
Можеби по копнен пат е доста полесно.”
Уште еднаш НАПОМЕНУВАМЕ дека ова е искуство на само еден наш добронамерен член кој сакаше само да го сподели со оние кои се во слична ситуација моментално. Не мора да значи дека кај сите ќе биде истиот епилог.
За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.